Англиската фудбалска федерација (ФА) го ослободи Жозе Мурињо од сите обвиненија во случајот со клупската докторка Ева Карнеиро.
Португалскиот стручњак ја суспендираше клупската докторка по вербалната расправија која ја имаа на мечот со Свонси.
Таа одлучи да си замине од клубот и да го тужи менаџерот на Челси кој се најде на удар од докторскиот колектив во Премиер лигата и јавноста.
Сепак, ФА пресече и Мурињо сега со сите сили може да се насочи кон Премиер лигата бидејќи таму не му цветаат рози на екипата која се наоѓа на 14-та позиција.
Мх.П.











