Дисциплинската комисија во Премиер лигата го суспендираше седум натпревари фудбалерот на Њукасл, Папис Сисе поради плукањето на Џони Еванс.


Двајцата фудбалери имаа неколку вербални уели во текот на мечот на „Сент Џејмс Парк“, но судијата ги опоменуваше бидејќи не го забележа плукањето.

Напаѓачот на „страчките“ ќе ги пропушти натпреварите Евертон, Арсенал, Сандерленд, Ливерпул, Тотенхем, Свонси и Лестер.

И членот на „црвените ѓаволи“ е обвинет за плукање, но тој самиот демантира дека направил такво нешто.

Ohridnews