Англиската фудбалска федерација го суспендираше фудбалерот на Челси, Диего Коста три натпревари поради неколкуте неспортски потези на дуелот со Арсенал.
„Сините“ го добија мечот со (2-0), а центар на вниманието беше Диего Коста кој не бираше средства да ги испровоцира фудбалерите на Арсенал.
Во еден таков обид успеа и Габриел заработи црвен картон, а сето тоа не го виде главниот судија Мајк Дин и неговите помошници.
Покрај суспензијата Арсенал останува оштетен бидејќи во тој момент од мечот резултатот беше 0-0, а со фудбалер помалку примија два погодоци и претрпеа пораз 2-0.
Мх.П.











