Дисциплинската комисија во Англиската фудбалска федерација имаше полни раце работа по комплетирањето на 30-та во Премиер лигата.
Судијата Нил Сварбрик на дуелот Манчестер Сити – ВБА му покажа црвен картон во 2-та минута на Герет Меколи место на Крег Досон, кој го направи стартот.
После прегледите на снимките ФА ја исправи грешката и го суспендираше Досон еден натпревар. Тој ќе го пропушти натпреварот со Квинс Парк Ренџерс на 4 април на домашен терен.
Мх.П.