Дисциплинската комисија во Премиер лигата ја потврди суспензијата од три натпревари за Пол Погба кој доби директен црвен картон на дерби средбата помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Францускиот репрезентативец намерно го нагази Хектор Белерин, а судијата Андре Маринер кој беше во близина без двоумење му додели црвен картон, што автоматски значи суспензија од два или три мечеви.
Погба ќе го пропушти дербито на есенската полусезона на Олд Трафорд против Манчестер Сити и дуелите со Бурнмаут и Вест Бромвич Албион. Во пресрет на дербито кое ќе се одигра во недела „граѓаните“ имаат осум бодови предност во однос на „црвените ѓаволи“ кои немаат многу избор.
OhridNews