Бурнмаут, Вест Бромвич Албион и Стоук не го преживеаја првото коло во ФА купот, додека Арсенал со пресврт во вториот дел успеа да победи и да избегне поголем срам. Премиерлигашите порази претрпеа порази од Милвол (3-0), Вулверхемптон (2-0) и Дерби Каунти (2-1), додека „топчиите“ славеа (2-1) над Престон.

Победа во 89-та минута за Арсенал осигура Оливие Жиру, иако навивачите само пред два дена го истурија сиот гнев на него после ремито со Бурнмаут (3-3).


На поправен од премиерлигашките екипи ќе одат Кристал Палас и Саутемптон, откако ремизираа со Болтон (0-0) односно Норвич (2-2). Натпреварување во ФА Купот заврши и за Евертон, но тимот од Гудисон Парк пораз претрпе од Лестер 2-1.

Руни на чекор од историја, „ѓаволите“ рутински против Ридинг (видео)

OhridNews