Манчестер Јунајтед на лесен и убедлив начин го совлада Виган со 4-0 и обезбеди пласман во петтата рунда од англискиот ФА Куп.


„Црвените ѓаволи“ во 44-та минута преку Маруане Фелаини го скршија отпорот и го отворија натпреварот. Во вториот дел домаќините со головите на Крис Смолинг, Хенрик Михтаријан и Бастина Швајнштајгер ставија точка на победата.


Резултати: Милвол – Ватфорд 1-0, Фулам – Хул 4-1, Сатон Јунајтед – Лидс 1-0, Манчестер Јунајтед – Виган 4-0.

OhridNews