Шампионот во Премиер лигата, Лестер и Барнли завршија со своите настапи во ФА купот, откако во петтата рунда изгубија од Милвол односно Линколн со идентичен резултат (1-0).


Победата и пласманот на Линколн понатаму е сензација, бидејќи Барнли играше на домашен терен, додека поразот и елиминацијата на Лестер е констатација за катастрафалната форма на „лисиците“.


Фудбалерите на Манчестер Сити на свој терен ќе решаваат за пласманот понатаму, откако на стадионот од Хадерсфилд ремизираа без голови (0-0).

Резултати: Барнли – Линколн 0-1, Хадерсфилд – Мен Сити 0-0, Мидлзброу – Оксфорд Јунајтед 3-2, Милвол – Лестер 1-0.

OhridNews