Шампионот во Премиер лигата, Лестер после два меча и дополнителни триесет минути успеа да го совлада Дерби (3-1) и да се пласира во петтата рунда од ФА Купот.
Победата и пласманот во ФА Купот добро ќе им дојде на „лисиците“ кои повеќе од месец дена немаат триумф во Премиер лигата. Регуларниот дел од мечот заврши 1-1, а домаќините со два погодоци во продолжението го матираа противникот.
Во петтата рунда Лестер ќе се сретне со Милвол, а другите двојки можете да ги видите на следниот линк, тука.
OhridNews