Екипите на Челси и Тотенхем на „прва“ ги минаа ривалите во 3-та рунда од ФА купот, додека Ливерпул ќе мора на поправен откако одигра реми на домашен терен.
Челси лесно се справи со Питерборо победувајќи го 4-1, а Тотенхем со два голови во второто полувреме го скрши отпорот на Астон Вила на Вајт Харт Лејн.
„Црвените“ на Енфилд разочараа ремизирајќи без голови (0-0) со Плимут. Единствена позитивна работа за Ливерпул беше дебито на неколку голобради момчиња кои едвај имаа по 17 години.
Од премиерлигашите успешно третата фаза во ФА Купот ја мина и Милдзброу кој со 3-0 славеше против Шефилд Венздеј.
Резултати: Кардиф – Фулам 1-2, Ливерпул – Плимут, Челси – Питерборо 4-1, Мидлзброу – Шефилд Вендздеј 3-0, Тотенхем – Астон Вила 2-0.
OhridNews