Ждрепката во четвртфиналето во ФА купот донесе интересни пресметки, а за издвојување се двете кои ќе се одиграат во Лондон. Лидерот на табелата во Премиер лигата, Челси на домашен терен ќе го предизвика шампионот во ФА купот, Манчестер Јунајтед, додека Тотенхем во локалното дерби ќе ги одмери силите со Милвол.
Мидлзброу на домашен терен ќе го пречека подобриот од вториот меч меѓу Хадерсфилд – Манчестер Сити, а Линколн ќе се сретне со победникот од Сатон – Арсенал.
Натпреварите од четврфиналето во ФА купот ќе се играат од 10 до 13 март.
Двојки:
Челси – Манчестер Јунајтед
Мидлзброу – Хадерсфилд/Манчестер Сити
Тотенхем – Милвол
Сатон/Арсенал – Линколн
OhridNews