Најстарото натпреварување во колевката на фудбалот, ФА Купот ќе добие нов шампион, откако бранителот на трофејот Арсенал се посрамоти во третата рунда претрпувајќи пораз од Нотингем Форест (4-2).
„Топчиите“ на мегдан со некогашниот стандарден премиерлигаш истрчаа со комбиниран состав, но тоа никако не може да биде изговор за поразот и елиминацијата. Нотингем максимално го искористи коцкањето на Арсен Венгер и забележа сензационална победа.
Вест Хем ќе мора на поправен меч после ремито без голови со Шревзбери Таун, додека Тотенхем со 3-0 го совлада тимот на Вимболдон. Њупорт Каунти со 2-1 го победи и елиминираше Лидс.
OhridNews