Tотенхем и Арсенал обезбедија пласман во петтата рунда од ФА Купот, но на различен начин. „Петлите“ со пресврт го совлада Викомб (4-3) додека „топчиите“ лесно и убедливи славеа (5-0) над Саутемптон.


Лондонските бели на домашен терен имаа негатива 2-0 и 3-2, но со голови во 90-та и 96-та минута го свртеа резултатот и се протнаа во следната фаза.


Арсенал им ги скрати крилата на „светците“ совладувајќи ги со убедливи 5-0. Дуелот со Арсенал за фудбалерите на Саутемптон дојде три дена после пласманот во финалето во Лига купот.

Резултати: Ливерпул – Вулверхемптон 1-2, Блекбурн – Блекпул 2-0, Барнли – Бристол Сити 2-0, Челси – Брентфорд 4-0, Кристал Палас – Мен Сити 0-3, Линколн – Брајтон 3-1, Мидлзброу – Акрингтон 1-0, Оксофорд – Њукасл 3-0, Рождал – Хадерсфилд 0-4, Тотенхем – Викомб 4-3, Саутемптон – Арсенал 0-5.

OhridNews