Тотенхем и Манчестер Јунајтед обезбедија пласман меѓу најдобрите осум во ФА купот, откако ги совладаа Фулам (3-0) односно Блекбурн (2-1) во осминафиналето.


„Петлите“ на крилата од Хари Кејн кој ги постигна трите голови го решија Фулам на Кревен Котиџ. Англискиот репрезентативец стрелаше прецизно во 16-та, 51-та и 73-та минута за лесен и рутински триумф.


За разлика од Тотенхем, „црвените ѓаволи“ со пресврт го совладаа и елиминираа Блекбурн. Домаќините поведоа со 1-0 во 17-та минута со голот на Даниел Грахам. Во 27-та минута Маркус Рашфорд изедначи на 1-1, а комплетниот пресврт го направи Златан Ибрахимовиќ 75-та минута од натпреварот.

Петтата рунда во ФА купот ќе се комплетира со мечот меѓу Сатон и Арсенал кој на програмата е в понеделник со почеток во 21 часот.

OhridNews