Манчестер Сити резултатски убедливо го совлада Њупорт со 4-1 во осминафиналето од ФА Купот, но ситуацијата на теренот воопшто воопшто не беше како што кажува крајниот скор.

„Граѓаните“ во првите 45 минути доминираа, но немаа одговор за домашната одбрана. Начин за пробивање на бедемот гостите од Манчестер најдоа во 51-та минута кога Лерој Сане погоди за 1-0. Дваесетина минути подоцна Фил Фоден зголеми на 2-0. Кога сите помислија дека е готово домашните фудбалери во 88-та минута намалија на 2-1 и ја вратија неизвесноста. Избраниците на Пеп Гвардиола со два погодоци за три минути ги решија дилемите и не дозволија сензација.

Пласман покрај Манчестер Сити во најдобрите осум екипи обезбедија Милвол кој со 1-0 славеше против Вимболдон и Брајтон победувајќи го Дерби со 2-1.

OhridNews