Лидерот на табелата во англиската Премиер лигата Ливерпул во третата рунда ја заврши авантурата во ФА купот, откако „црвените“ изгубија (2-1) на гостувањето кај Вулверхемтон.
„Волците“ со елиминацијата во ФА Купот им се реваншираа на „црвените“ за поразот (2-0) во Премиер лигата. Сензацијата фудбалерите на Вулверхемптон ја навија со водечкиот погодок пред крајот на првиот дел кој беше дело на Раул Хименес. Избраниците на Јирген Клоп во 51-та минута со голот на Дивок Ориги изедначија. Домашните фудбалери после четири минути ја вратија предноста со маестралниот погодок на Рубен Невес и ја задржаа до финишот.
Составот на Ливерпул нанижа два порази во серија, откако изгуби и во дербито во Премиер лигата со Манчестер Сити.
OhridNews












