Најстарото клупско натпреварување во Англија, ФА Купот ќе добие нов шампионот, откако Челси во 1/4 финалето го елиминираше бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед.


„Сините“ пред своите гледачи со минимални 1-0 ги совладаа „црвените ѓаволи“. Единствениот погодок на мечот го постигна Н`голо Канте во 51-та минута, но гостите од 35-та минута игра со фудбалер помалку по двата жолти картони на Андер Ерера.



Челси ги комплетираше учесниците во полуфиналето во ФА Купот каде веќе се наоѓаат Арсенал, Манчестер Сити и Тотенхем.

OhridNews