Двете екипи од Манчестер пласман во ТОП 4 во ФА Купот ќе бркаат на гостински терен. Јунајтед кој помина далеку потежок пат до 1/4 финалето ќе се судри со Вулверхемптон, додека Сити ќе ги одмери силите со Свонси.

Најпријатното изненадување Милвол во четвртфиналето на домашен терен ќе го пречека Брајтон, додека Ватфорд ќе се сретне со Кристал Палас.

Натпреварите од 1/4 финалето се играат од 15 до 17 март.

Двојки:

Свонси – Манчестер Сити

Ватфорд – Кристал Палас

Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед

Милвол – Брајтон

OhridNews