Екипата на Оксфорд победувајќи го Свонси со 3-2 се погрижи да немаат премиерлигашите речиси перфеткна рунда во најстарото натпреварување во Англија, ФА купот.


Оксфорд пред своите гледачи одигра и победи натпревар со историски карактер бидејќи ретко до сега членовите од Премиер лигата испаѓале од клубови кои се натпреваруваат во четвртата лига.

 
Крајно неизвесен натпревар без победник (2-2) одиграа и Тотенхем – Лестер. Домаќините со погодок во финишот се спасија од пораз и закажаа нов меч овој пат на теренот од противникот.

 
Резултати : Оксфорд – Свонси 3-2, Карсли – Јеовил 2-2, Челси – Сканторп 2-0, Тотенхем – Лестер 2-2, Кардиф – Шревзбери 0-1.

Мх.П.