Премиерлигашките екипи без посериозни проблеми ја минаа петтата рунда од најстарото натпреварување во светот ФА купот.
Со убедливи победи над Колчестер 4-1 односно Астон Вила 4-0 пласман понатаму изборија Тотенхем и Манчестер Сити додека Арсенал славеше минимално над Барнли 2-1.
Нов меч во петтата рунда од ФА купот ќе одиграат Ливерпул и Вест Хем откако првиот заврши без голови и без победник.
Резултати : Колчестер – Тотенхем 1-4, Арсенал – Барнли 2-1, Астон Вила – Мен Сити 0-4, Болтон – Лидс 1-2, Бјури – Хул 1-3, Кристал Палас – Стоук 1-0, Нотингем – Ватфорд 0-1, Оксфорд – Блекбурн 0-3, Портсмут – Бурнмаут 1-2, Ридинг – Валсал 4-0, Шревзбери – Шефикд 3-2, ВБА – Питерборо 2-2, Ливерпул – Вест Хем 0-0.
OhridNews











