Рачно изработен дрвен крст, ќе добие фаќачот на крстот на утрешната манифестација „Водици 2013“.

Овој подарок ќе биде доделен од страна на Регионалната занаетчиска комора Охрид, како донација од занаетчискиот дуќан „Ателје Фармаковски“. Задоволство од ваквата соработка, изразија претседателот на Здружението „Богојавление“ Димитри Пендовски, односно претседателот на комората, Сашо Богоески.

Манифестацијата ќе биде збогатена преку штандот на РКЗ ОХРИД, кој ќе биде поставен на градскиот плоштад. Преку него, ќе се промовира занаетчиството како дејност која е во фаза на стагнирање.

OhridNews