Навивачката „Фаланга“ која е осми играч на македонската ракометна репрезентација и Стојанче Стоилов беа најсветли точки на Македонија на Европско првенство во Хрватска кое заврши со триумф на Шпанија.

Европската куќа на ракометн (ЕХФ) со посебен прилог ги издвои работите од ЕП во Хрватска, а место помеѓу најдобрите моменти имаше за нашата навивачка група и за ракометарот на Вардар, Стоилов.

„Црвено жолтите“ на ЕП во Хрватска завршија на 11-та позиција, но со маестрален резултат после првата прелиминарна рунда во која се најдоа пред Германија и Словенија во групата.

Македонија имаше изгледни шанси за пласман во ТОП 4, но трите порази во главната фаза не дозволија подобрување на пласманот од ЕП во Србија кога нашата селекција заврши на петтото место.

OhridNews