По завршувањето на сезоната Радамел Фалкао се поизвесно ќе го напушти Манчестер Јунајтед, но според последни информации тој ќе остане во Премиер лигата.
Сериозно за неговите услуги е заинтересиран Тотенхем, кој е подготвен да „искешира“ 43 милиони евра колку што е откупната клаузула на Колумбиецот во Монако.
Фалкао пред истекот на летниот преоден рок како позајмен фудбалер го засили Јунајтед, но за сега колумбискиот репрезентативец не импресионираше на Олд Трафорд.
За услугите на Фалкао заинтересирани е Јувентус, а во трката се вклучи и шпанска Валенсија.
Мх.П.