Селекцијата на Колумбија на крилата од Радамел Фалкао со убедливи 6-0 ја совлада репрезентацијата на Бахреин.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед постигна два брилијатни погодоци, асистираше за еден и донесе убедливо водство 3-0 за Колумбија на полувремето.
Во 72-та минута Фалкао беше повлечен од игра при предност од 4-0 за Колумбија и испратен со громогласен аплауз.
Колумбиецот го покажа вистинското лице откако на Олд Трафорд до сега не успеа да влезе во голгетерски ритам.
Мх.П.