Колумбиската машина за голови Радамел Фалкао ќе го продолжи договорот со дваесеткратниот првак во Англија, Манчестер Јунајтед.


Фалкао на Олд Трафорд пристигна од Монако, но како позајмен играч. По завршување на сезонава „ѓаволите“ ќе го искористат правото целосно да го откупат договорот.

Цената која ќе ја плати Манчестер за услугите на Фалкао ќе изнесува 56 милиони евра, кои ќе го направат втор најплатен играч по Анхел ди Марија.

Сезонава колумбискиот репрезентативец има постигна еден погодок, но учествуваше во неколку клучни кои донесоа радост на Олд Трафорд.

Мх.П.