Колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао и следната сезона ќе биде дел од Премиер лигата и ќе настапува за тимот на Челси.
Минатата сезона Фалкао ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед, но клубот од Олд Трафорд реши да не го откупи договорот по завршувањето на натпреварите.
Неодамна менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо сам проговори за евентуланото ангажирање на Фалкао и оти е подготвен да работи со него за враќање на голгетерската форма.
Во дресот на „ѓаволите“ на 26 натпревари во Премиер лигата, Фалкао постигна само четири голови.
Ohridnews