Иднината на Радамел Фалкао не е воопшто светла во Манчестер Јунајтед откако во досегашниот дел од сезоната Колумбиецот не импресионираше со своите настапи.


Фалкао сезонава се врати на терените по шест месечната пауза поради повредата на лигаментите од коленото, а го пропушти и Мундијалот во Бразил.

Колумбиската машина за голови, која работеше беспрекорно во Порто, Атлетико Мадрид и Монако се уште ја бара формата во дресот на Јунајтед, но за сега без никаков успех.

Најдобро за ситуацијата на Фалкао говори измената која ја направи менаџерот Луис ван Гал во осминафиналниот натпревар со Престон кога го изваде напаѓачот во 60-та минута при негатива од 1-0.

По завршување на сезоната менаџерот ќе го има последниот збор за целосно откупување на Фалкао кое „ѓаволите“ ќе ги чини 43 милиони евра.

Мх.П.