Колумбиската машина за голови Радамел Фалкао нема иднина во Челси откако клубот уште од сега одлучил да не го откупи договорот од тимот на Монако.


Дресот на „сините“ беше втора шанса за некогашниот голгетер број еден во Европа во Премиер лигата по неуспешниот обид на Олд Трафорд минатата сезона.

Повредата односно кинењето на вкрстените лигаменти на коленото оставија траен белег на Фалкао кој до сега не ги повтори игрите од Порто и Атлетико Мадрид.

Сезонава колумбискиот репрезентативец постигна само еден погодок во Премиер лигата во седум натпревари, а во негов прилог не оди ниту формата на Челси која е очајна.

„Сините“ по осум одиграни натпревари во најсилната лига во Англија се наоѓаат на 16-та позиција со само осум освоени бодови.

Ohridnews