Агонијата на Радамел Фалкао во Премиер лигата продолжува најмалку уште шест месеци откако пропадна неговиот трансфер во Атлетико Мадрид во последниот ден од зимскиот преоден рок.


Колумбиецот ги имаше сите детали договорено за враќање со позајмица на Винсенте Калдерон, но пропадна бидејќи не се оствари трансферот на неговоит соиграч од репрезентацијата, Џексон Мартинез во Кина.

Фалкао најдобрите моменти од својата досегашна сезона ги мина токму во дресот на Атлетико Мадрид освојувајќи титули во Лигата на Европа, Супер купот на Европа и Купот на Шпанија.

Голгетерската машина во 90-ет натпревари постигна 71 погодок и се уште го држи рекордот во Атлетико за најдобар учинок во првите 100 мечеви.

Повредата на лигаментите на коленото пред две години го оддалечи Фалкао од терените шест месеци, но никогаш повеќе тој не се врати во препознатливата форма.

OhridNews