Колумбиската машина за голови Радамел Фалкао засега има епизодна улога на Олд Трафорд како стигна на позајмица од тимот на Монако.
Тој повеќе минува на клупата него на теренот, но повредите имаат голема вина за слабата форма на Колумбиецот, кој има само еден погодок за „ѓаволите“.
– Подготвен сум 100% и не сакам да бидам на клупата. Сакам да играм, да постигнувам голови, да ги радувам навивачите бидејќи имаат целосна верба во мене. Ќе се борам за местото во тимот и сакам да им помогнам на соиграчите и заедно да носиме посакувани резултати за екипата – рече Фалкао.
На Фалкао не му оди во прилог тоа што на последните натпревари се разигра првиот избор во „шпицот“ Робин ван Перси, кој е водечки стрелец со седум голови.
Мх.П.