Најновото засилување на Манчестер Јунајтед, Радамел Фалкао в недела против КПР на Олд Трафорд ќе дебитира за „црвените ѓаволи“.

– Со нетрпение чекам да истрчам на Олд Трафорд и да ја почуствувам магичната атмосфера. Моја цел оваа сезона ќе биде да постигнувам голови и да ја освоиме титулата. Важно ќе биде да му помогнам на тимот, но и на Колумбија, за да бидеме подготвени за Копа Америка и Мундијалот во 2018 година – рече колумбискиот репрезентативец.

Фалкао на Олд Трафорд пристигна во последниот ден од преодниот рок иако беше преселен во тимот на Реал Мадрид.

– Јунајтед ме ’бркаше’ во изминатите неколку месеци. Секако дека имаше и други заинтересирани екипи, меѓу нив е и Реал, но јас сакав да играм во Манчестер Јунајтед. Секако дека во одредени моменти мислев дека трансферот нема да биде реализиран. Тоа ми создаваше нервоза, но на крајот сé добро се заврши. Како што веќе кажав, ова е одлична можност за мене, особено по тешката повреда којашто ја имав – додаде Фалкао.

Покрај колумбускиот репрезентативец на мечот со „полицијаците“ ќе дебитира и Далеј Блинд кој исто така го засили Јунајтед пред истекување на преодниот рок.

Во досегашниот тек од шампионатот „ѓаволите“ имаат два бодови од три одиграни средби и се наоѓаат на 14-та позиција на табелата.

Мх.П.