Колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао не импресионираше и не покажа ништо од својот голгетерски асортиман на Олд Трафорд.
Тој на своите најблиски им признал дека сега се кае поради одлуката да го засили Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок пренесуваат британските медиуми.
Во 20-те натпревари за „црвените ѓаволи“, Фалкао постигна скромни четири погодоци што е неспоредливо со ефектот во Атлетико Мадрид, Порто па и Монако.
Пред да се пресели во редовите на Јунајтед еден од најзагреаните кандидати за ангажман на Фалкао бил Ливерпул.
Но, Фалкао поради големиот интерес на Луис ван Гал се одлучил за Манчестер, а сега токму холандскиот стручњак е посочен како главниот виновник за неуспешната авантура за сега на „Ел тигре“.
Мх.П.