Колумбиската машина за голови Радамел Фалкао се врати на тренинзите од „црвените ѓаволи“ додека Марко Ројс пак е во аут поради повреда.
По победата над Арсенал во Лондон навивачите на Манчестер Јунајтед имаат уште причина за радост откако Фалкао побрзо од предвиденото ќе се врати на терените.
Наспроти нив фановите на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд неможат ниту да здивнат бидејќи Ројс скина мускулно влакно и ќе паузира до средината на јануари.
Сезонава ниту Јунајтед ниту Дортмунд се на она ниво кога освојуваа титули во националните првенства.
Мх.П.