Дерби натпреварот со Арсенал кој Радамел Фалкао го започна од првата минута најверојатно е последен во дресот на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.
Колумбиецот беше заменат во 60-та минута со Робин ван Перси, а при излегување од игра тој аплаудираше на сите страни и беше поздравен од целиот стадион.
Фалкао на Олд Трафорд не успеа да ги повтори незаборавните престави од Порто и Атлетико Мадрид и затоа неговата откупна клаузула нема да биде аквирана.
Тој постигна само четири погодоци, што е премалку за врвен голгетер од светска класа и по мечот со Хул во последното коло од Премиер лигата тој ќе се збогува со „црвените ѓаволи“.
Мх.П.