Радамел Фалкао заврши во болница после сударот со голманот Јоан Кардинел на мечот меѓу Ница и Монако кој заврши во корист на домаќините (4-0).
Информацијата за француските медиуми ја потврди тренерот на Монако, Леонардо Жардим. – Фалкао е во болница со тежок потрес на мозокот. Во иднина за избегнување на вакви ситуациии арбитрите мораат да обратат повеќе внимание.
Се уште не се знае колку долго ќе апстинира од терените Фалкао кој сезонава по подолго време во голгетерска форма.
OhridNews