Во репрезентативниот дрес на Колумбија, Радамел Фалкао покажа дека не заборавил да постигнува голови. Фалкао, постигна три погодоци во два натпревари и запиша исто толку асистенции.


Напаѓачот во Манчестер Јунајтед е далеку од посакуваната форма, но рака на срце и менаџерот Луис ван Гал не му пружи вистинска прилика на Колумбиецот.

– И претходно реков и сега пак ќе повторам дека ми требаат повеќе минути на теренот. Ми требаат натпревари во континуитет. Седењето на клупата го убива инстиктот за погодок на фудбалерот од нападот. Во репрезентацијата го имам тој континуитет и затоа лесно постигнувам голови. Се враќам во Манчестер полн со самодоверба. Сигурен сум во себе и во мојата форма. До крајот на сезоната остануваат уште осум натпревари и сакам да и помогнам на екипата. – рече Фалкао.

И покрај повредата на Робин ван Перси поранешниот фудбалер на Монако, Атлетико Мадрид и Порто пак не ја добива шансата за покажување на раскошниот голгетерски асортиман.

Мх.П.