Неуспехот во Премиер лигата во дресот на Манчестер Јунајтед колумбискиот голгетер Радамел Фалкао сака да го поправи, но во тимот на Челси со кој отворено преговара.


Фалкао, не се снајде најдобро и не ги покажа своите голгетерски способности на Олд Трафорд и по завршување на сезоната беше вратен во Монако.

Колумбиецот постигна само четири голови во 29 натпревари што не беше доволно да го убеди менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал да го откупи неговиот договор.

По заминувањето на Дидиер Дрогба „сините“ во составот останаа со напаѓачите Диего Коста и Лорик Реми и трансферот на Фалкао станува се пореална опција.

Мх.П.