Мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Турција на царинскиот терминал во Струга откриле 952 текстилни производи, 496 маици и 456 пара чорапи, со лого на заштитена трговска марка, наменети за фирма увозник од Гостивар.

Вредноста на сомнителната стока се проценува на околу 540 илјади денари, доколку би се продавала како оригинал, соопшти Царинската управа.

OhridNews