Повеќе од три години поминаа од страотната несреќа на Михаел Шумахер при скијање во Франција. Од тогаш до денеска нема никаква конкретна информација за здравјето и ситуацијата со некогашниот шампион во Формула 1.
Долгогодишниот пријател и менаџер на Германецот, Вили Вебер за германските медиуми изјави дека фамилијата и менаџерскиот тим ја крие правата вистина.
– За неговиот роденден испратив цвеќе и се уште немам добиено одговор, а поради тоа сум многу тажен. Затоа ми се чини дека фамилијата од Михаел нешто крие, односно стравува за неговото здравје. Мојот став од почетокот на оваа ситуација со Шумахер е јасен, треба да се известат милионите фанови кои секојдневно прашуваат и се интересираат за Шумахер. – изјави Вебер.
Шумахер настрада на крајот од 2013 година удирајќи се во карпа при скијање со неговата фамилија во Гренобл, Франција. Во јавноста протекоa многу информации, но никоја не беше потврдена од најблиските од легендарниот Ф1 пилот.
OhridNews