Норвешкиот ски скокач Андерс Фанемел со летот од 251,5 метри на скокалницата во Викерсунд постави нов светски рекорд.
Фанемел во првата серија на скокалницата во Викерсунд за еден и пол метар го подобри рекордот кој во саботата го поставо Словенецот Петер Превц.
Инаку леталницата во Викерсунд е во моментов најголема во светот и на неа се поставени последните најдобри резултати.
Интересно иако Фанемел постави нов светски рекорд тој сепак не успеа да победи бидејќи во двете серии најдобар резултата оствари Германецот Зеверин Фројнд (237,5 и 245 метри).
„Макфакс“