Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ реши да замине од Олимпиското село и настрана од останатите спортисти од Србија да се подготвува за мечевите кои го очекуваат на Олимпијадата.
Заминувањето на рекетот број еден не е поврзано со никаков проблем туку големиот број фанови кои не го оставаат ниту секунда српскиот тенисер.
Ѓоковиќ има големи планови на Олимпијадата од Рио. После освојувањето на Роланд Гарос од големите трофеи изостанува само олимпиското злато кое според неговите изјави силно го посакува.
Српскиот тенисер во првата рунда од олимпискиот турнир ќе се сретне со аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.
OhridNews