Хулиганите одново го имаа главниот збор наместо фудбалерите на теренот, откако ултрас навивачите на Бастија со тупаници два пати ги нападнаа фудбалерите на Лион.
Прво гостинските фудбалери беа мета на напад при загревањето, а мечот беше одложен еден час. Вториот напад кој беше пожесток и можеше многу лошо да заврши за играчите на Лион се случи во текот на натпреварот после завршување напрвиот дел, а продолжи во соблекувалните.
Очекувано, натпреварот не се продолжи, а фудбалерите на Лион под силно полициско обезбедување го напуштија стадионот и градот подоцна.
Хулиганските испади ширум европските стадиони станаа секојдневение, а да биде неволјата поголема се случуваат на мечеви организира од УЕФА и федерации кои меѓу се најдобрите во светот.
OhridNews