Интернационалниот Тоше Проески фан kлуб форум, денес, годишнината од заминувањето на Тоше во вечноста ја одбележуваат со два настани  во спомен на големата вера и хуманост на Тоше.

Централната молитва се одржува во Соборниот Храм Св. Климент Охридски во Скопје.

–    Во соработка со Црвениот Крст на град Скопје, а инспирирани од хуманоста  на Тоше, ќе го одбележиме и Светскиот ден на гладдта, пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, како собирна акција. Инаку, маратонците кои традиционално трчаат од Нова градишка-кон Крушево, во градишка беа испратени од Членови на клубот, а во Белград беа дочекани од членови на клубот кои испраќаат симболично поздрав до Крушево, информираат охридските членови на Фан клубот на Тоше.

Фан клубот на Тоше Проески е формиран во 2007 година, но бројот на фановите бележи голем пораст по несреќата пред пет години.

–    Големата почит кон Тоше и неговата музика е основната причина поради која станавме фанови на вируелниот, интернет Фан клуб на Проески. Неговата музика и хуманоста е она што сите нас не поврзува. Секоја година членовите се дел од  хуманитарни активности кои се одржуваат во оразлични држави наречени Мост на љубовта, додаваат фановите. 

OhridNews