Елегантен како и секогаш, добро расположен и инспириран од триилјадната публика, Владо Јаневски синоќа одржа незаборавен концерт на Античкиот театар во Охрид.

Во прекрасен амбиент, со публика од сите генерации два и пол часа се пееше и играше.

Владо го започна концертот со неколку балади а потоа публиката продолжи да ја загрева со песни во побрз ритам. И новите и постарите хитови, сите до еден публиката ги испеа заедно со Владо, а тој понесен од атмосферата, го отвори срцето и се предаде…. 

Јасминка Т. Момироска