Барселона со триумфот над Севиља (2-1) во 26-та рунда од шампионатот го продолжи походот кон одбраната на титулата во шпанската Ла Лига.


Натпреварот на Ноу Камп не започна најдобро за каталонците. Гостите од Андалузија преку Витоло стекнаа предност 1-0.

На водечкиот погодок од Севиља по само десет минути возврати Лионел Меси со фантастичен погодок од слободен удар. Аргентинецот од левата страна на казнетиот простор биеше милимитераски прецизно на позицијата од голманот за изедначување. 

 
На стартот од вториот дел односно во 48-та минута Пике по асистанција од Меси погоди за 2-1 и го постави конечниот резултат.


Резултати: Виљареал – Леванте 3-0, Валенсија – Атлетик Билбао 0-3, Депортиво Ла Коруња – Гранада 0-1, Барселона – Севиља 2-1.

Табела: Барселона 66, Атлетико Мадрид 58, Реал Мадрид 54…

OhridNews