Интер го комплетираше италијанскиот квартет екипи кои следната сезона ќе учествуваат во Лигата на Шампиони. „Нероазурите“ во мечот да се биде или не со пресврт го совладаа Лацио со 3-2 на Олимпико.
На „лацијалите“ им одговараше и нерешен исход од дербито, а до 78-та имаа водство 2-1. Икарди изедначи од пенал 2-2, а минута подоцна поцрвена капитенот Лулиќ. Бројчаната предност гостите ја искористија во 81-та минута кога Весино погоди за 2-1. Во првото полувреме Лацио два пати поведе, но во вториот дел не успеа да го задржи водството.
Покрај екипата на Интер пласман во ЛШ обезбедија Рома, Наполи и шампионот во Италија, Јувентус. Во Лигата на Европа патуваат Лацио, Милан и Аталанта. Од Серија А отпаѓаат Кротоне, Верона и Беневенто, а ќе се приклучат Емполи и Парма.
Резултати: Џенова – Торино 1-2, Милан – Фиорентина 5-1, Каљари – Аталанта 1-0, Киево – Беневенто 1-0, Спал – Сампдорија 3-1, Наполи – Кротоне 2-1, Удинезе – Болоња, Лацио – Интер 2-3, Сасуоло – Рома 0-1.
OhridNews