Тенисерката од Латвија, Јелена Остапенко го освои престижниот трофеј од Ролан Гарос победувајќи ја Симона Халеп во финалето со 2-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-3).
20-годишната тенисерка до титулата на францускиот грен слем стигна со фантастичен пресврт во вториот сет. Остапенко губеше 1-0 во сетови и 3-0 во гемови, а со серија од 6-1 го изедначи резултатот во сетови. Самодовербата и се крена на повисоко ниво на латвиската тенисерка што и донесе посигурна игра и победа на крајот од дуелот со Романката која во финалната битка влезе како фаворит.
Трофејот од Ролан Гарос е прв од големите турнири за Остапенко, на која и најавуваат блескава тениска кариера.
OhridNews