Рекордното засилување на Енфилд, Вирџил ван Дајк имаше фантастично деби во дресот на Ливерпул, откако постигна погодок за победа (2-1) на дуелот со Евертон во рамките од 4-та рунда во ФА Купот.

Холандскиот дефанзивец решавачкиот погодок на натпреварот го постигна во 84-та минута. Претходно „црвените“ поведоа со голот на Милнер од пенал, а „карамелите“ израмнија преку Сигурдсон.

Во петтата рунда во ФА Купот пласман обезбеди и Манчестер Јунајтед кој во финишот со головите на Џеси Лингард и Ромелу Лукаку го совлада Дерби Каунти со 2-0.

 

Натпреварите од 4-та рунда во ФА Купот продолжуваат утре (сабота).

OhridNews