Градските ривали Тотенхем и Арсенал ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2 во дерби меч каков што може да понуди само англиската Премиер лига.


Водството се менуваше два пати, беспоштедно се водеше битка на теренот и на крајот ремито од дербито на Вајт Харт Лејн е реален исход.

„Топчиите“ поведоа со маестралниот погодокот на Арон Ремси во 40-та минута и на одмор заминаа со водство 1-0.

 
Во 54-та минута гостите останаа со фудбалер помалку откако втор жолт автоматски црвен картон доби Френсис Кокелин.

Бројчаната предност на теренот „петлите“ ја капитализираа со два погодоци и пресврт. Резултатот го изедначи Алдервејрелд во 60-та, а само две минути подоцна Хари Кејн погоди за 2-1 за ерупција во „белиот дел“ од Лондон.

 

Пулените на Арсен Венгер и со играч помалку успеаја да извлечат бод и да останат во игра за титулата благодарание на Алексис Санчез кој во вистинско време го прекина гол постот во Премиер лигата. 

Ремито од лондонската пресметка најмногу во прилог му оди на лидерот на табелата Лестер кој го очекува меч со Ватфорд. „Лисиците“ со триумф ќе му се одлепат пет бодови на Тотенхем односно осум на Арсенал и ќе направат голем исчекор кон титулата.

OhridNews