Њукасл и Манчеестер Јунајтед ги поделија бодови ремизирајќи 3-3 во фантастичен натпревар на „Сент Џејмс Парк“ во 21-та рунда од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ имаа водство 1-0 со голот на Вејн Руни од пенал, а капитенот асистираше до Џеси Лингард за дуплирање на предноста 2-0.
Пред финишот на првиот дел Вајналдум го намали водството на гостите и најави возбудливо второ полувреме.
Српскиот репрезентативец Никола Митровиќ од белата точка го изедначи резултатот откако сам изнуди најстрога казна.
Руни со вториот погодок на мечот одново донесе предност за гостите, но Дамет со фантастичен гол ги изедначи бројките на семафарот и го постави конечниот резултат.
Резултати : Њукасл – Мен Ју 3-3, Астон Вила – Кристал Палас 1-0, Бурнмаут – Вест Хем 1-3.
Мх.П.











